fbpx

Полициски билтен: два физички напади во Струмица и по еден во Гевгелија и Богданци

На 11.11.2020 година во 18.20 часот во  Полициска станица Гевгелија А.Н. (33) од Скопје, пријавила дека околу 15.00 часот на улица „Караорман“ во Гевгелија билa физички нападната од С.Т. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 12.11.2020 година во 00.10 часот во Полициска канцеларија Богданци Б.П. (35) од Богданци пријавил дека на 11.11.2020 година околу 19.00 часот на улица „Мирче Чочков“ во Богданци неговиот малолетен сил бил физички нападнат од Г.А. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.11.2020 година во 20.30 часот во Полициска станица Струмица Т.Ѓ. (49) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 19.30 часот во неговото дворно место бил физички нападнат од И.В., З.А. и Д.В., сите од село Баница. Полициска станица Струмица презема мерки за целосно расчистување на случајот.

На 12.11.2020 година во 08.00 часот во Полициска станица Струмица Д.И. (75) од Струмица, пријавил дека на 11.11.2020 година околу 20.00 часот на улица „Балканска“ во Струмица бил физички нападнат од С.Н. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link