fbpx

Полициски билтен: двајца жители на Банско нападнале и одзеле трактор од жител на Градско Балдовци

 Полициски билтен: двајца жители на Банско нападнале и одзеле трактор од жител на Градско Балдовци

На 21.07.2022 во 22.00 часот во Струмица, полициски скужбеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода Џ.Ф.(27) и Т.Ш.(26), двајцата од село Банско, струмичко. Тие се сомничат дека околу 21.30 во село Градско Балдовци, струмичко, физички го нападнале Џ.Т.(58) од село Градско Балдовци и му го одзеле неговиот трактор. Тие биле приведени во полициска станица, а тракторот бил пронајден и одземен од Џ.Ф.. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.07.2022 во 22.30 часот на регионален пат Радовиш – село Ораовица, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Т.(30) од село Ораовица, радовишко, затоа што кај него била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против лицето ќе се изготви соодветен поднесок.

На 22.07.2022 година во 04.10 часот во Полициската станица Струмица, К.К. од Струмица пријавил дека околу 03.00 часот на плоштадот во Струмица бил физички нападнат од С.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link