fbpx

Полициски билтен: Физички напад и пресметка во село Сарај и Гевгелија

 Полициски билтен: Физички напад и пресметка во село Сарај и Гевгелија

Вчера во 12:40 часот во Полициската станица Струмица, И.М.(38) од село Просениково, струмичко, пријавил дека околу 10.00 часот во село Сарај пријавителот и неговиот малолетен син биле физички нападнати од Н.М. и Д.М..

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.09.2021 година во 12.39 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 12.30 часот во дворно место на улица „Моински пат“ во Гевгелија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(35) и В.С.(29), од една страна и В.Т.(52) од друга страна, сите од Гевгелија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link