Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Полициски билтен: Физички напад кај Кванташки пазар, 68 лица не носеле маски
Вчера во 15:00 часот Полициска станица Струмица К.К. од Струмица пријавил дека околу 13:00 часот на Кванташки пазар лоциран на пат за село Просениково, струмичко, бил физички нападнат од едно лице од село Баница.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (15.11/16.11.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 68 лицa не ја почитувале, од кои 28 во Гевгелија , 18 во Струмица, 14 во Радовиш и 8 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.