fbpx

Полициски билтен: физички напади, одземено огревно дрво без документација

 Полициски билтен: физички напади, одземено огревно дрво без документација

На 17.10.2022 година во Полициската станица Гевгелија, М.Ѓ.(55) од Гевгелија пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга С.Ѓ.(44). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 17.10.2022 година во 19.30 часот во Полициската станица Радовиш, Н.М.(33) од село Ораовица, радовишко, пријавил дека околу 18.00 часот во село Ораовица бил физички нападнат од Ц.С. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.10.2022 година во 21.20 часот во Полициската станица Струмица, С.Д.(44) од село банско, струмичко, пријавила дека околу 20.00 часот во село Банско била физички нападната од Д.Д. и А.М.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.10.2022 година, полициски службеници од Полициската станица Радовиш во дворот на Е.Г.(34) од село Бучим, радовишко, пронашле и одзеле огревни дрва за кои сопственикот не поседувал соодветна документација. Од вработени во Шумска полиција Радовиш дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница Плачковица – Радовиш. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link