fbpx

Полициски билтен: физички напади во Радовиш и Старо Балдовци

 Полициски билтен: физички напади во Радовиш и Старо Балдовци

На 29.12.2022 во 21.30 часот во Полициската станица Радовиш, Н.Г.(55) од Радовиш пријавила дека околу 21.00 часот во Радовиш била физички нападната од И.Д. од Радовиш. Истиот ден во 23.30 часот О.Д. (32) од Радовиш пријавила дека во Радовиш била нападната од Н.Г.(55) и В.Г., двајцата од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

На 29.12.2022 во 20.55 часот во СВР Струмица, И.А. од Струмица пријавил дека во неговиот дом во с.Старо Балдовци едно лице со закана му одзело пари и мобилен телефон. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето.

Share via
Copy link