fbpx

Полициски билтен: физички напади во Василево, Градско Балдовци и Струмица

 Полициски билтен: физички напади во Василево, Градско Балдовци и Струмица

На 19.07.2021 во 21.15 часот во Полициската станица Струмица, С.С.(22) од село Василево, струмичко, пријавила дека околу 20.45 часот во село Василево била физички нападната од Б.С. од село Баница. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот. 

На 19.07.2021 во 23.15 часот во Полициската станица Струмица, Т.И.(53) од село Градско Балдовци, струмичко, пријавил дека во селото Градско Балдовци неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.Т. од истото село. Полициската станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.

На 20.07.2021 во 06.20 часот во Полициската станица Струмица, К.М.(46) од Струмица пријавил дека околу 05.50 часот пред влезот на неговиот стан на улица „Ценка Павлова“ во Струмица бил физички нападнат од Т.Ј. од село Секирник, струмичко. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link