fbpx

Полициски билтен: физички нападнат малолетник, 73 казни за брзо возење

 Полициски билтен: физички нападнат малолетник, 73 казни за брзо возење

На 29.08.2021 година во 20.30 часот во Полициската станица Струмица, С.П.Д. од Струмица  пријавила дека околу 18.30 часот на улица „Јајце“ во Струмица нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Д.М.Т..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.08.2021 година во периодот од 13.00 до 19.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над учесниците во сообраќајот, при што биле констатирани 73 прекршоци сторени од возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 1 возач управувал моторно возило со брзина над 50 км/ч повеќе од дозволеното, а 14 возачи управувале возила со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч повеќе од дозволеното. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (29.08/30.08.2021), по однос на мерката за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 32 лица, од кои 18 во Струмица, 10 во Радовиш и 4 во Валандово не ја почитувале и против нив се поднесени соодветни поднесоци.

Share via
Copy link