fbpx

Полициски билтен: физички пресметки во Валандовско, Стар Дојран и Струмица

 Полициски билтен: физички пресметки во Валандовско, Стар Дојран и Струмица

На 16.08.2021 година во 18.00 часот во Полициската станица Валандово, С.Ф.(41) од Валандово пријавил дека во нива во атар на село Јосифово, валандовско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметкапомегу Г.Ф. и С.Ф. од Валандово, од една страна и С.М. и В.М. од село Јосифово од друга страна. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 15.08.2021 година во 23.40 часот во Полициското одделение Нов Дојран, А.К.(25) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на паркинг простор во Стар Дојран  бил физички нападнат од едно лице. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.08.2021 година во 15.50 часот во Полициската станица Струмица, Г.А.(37) од Струмица пријавил дека околу 14.50 часот во угостителски обект во Струмица бил физички нападнат од А.О., Ф.О. и уште едно лице. Полициска станица Струмица  презема мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link