fbpx

Полициски билтен: Потешко повредени мотоциклист и тракторист

 Полициски билтен: Потешко повредени мотоциклист и тракторист

На 25.04.2022 во 17.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на делницата од село Смолари до крстосница со магистрален пат А4, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.Г.(64) од село Стиник, струмичко, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Г., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

На 25.04.2022 во 18.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Габрово, струмичко, трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од Б.В.(54) од село Габрово, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.В., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Фото: архива

Share via
Copy link