fbpx

Фатени крадци во обид да украдат марихуана од фабрика кај Сушица

 Фатени крадци во обид да украдат марихуана од фабрика кај Сушица

Вчера во 23:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село ги лишиле од слобода Р.К.(23) од село Дрвош, струмичко, С.Р.(21) и Б.А.(21) од Радовиш. Тие биле затекнати при обид да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана на место викано „Добрава“ во близина на село Сушица, струмичко, соопштија од МВР.

Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица.

По целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link