fbpx

Полициски билтен: Повреден малолетен пешак, физички напади пред Судот во Струмица и Банско

 Полициски билтен: Повреден малолетен пешак, физички напади пред Судот во Струмица и Банско

Вчера во 12:30 часот на улица „Плачковица“ во Радовиш во патничко возило „бмв“, со австриски национални ознаки, управувано од А.К.(38) од Радовиш удрило во малолетен  пешак. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани  во Медицински центар Штип, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

На 23.02.2021 во 10.25 часот во Полициска станица Струмица Е.А. (35) од Струмица пријавил дека околу 09:15 часот, пред Основен суд Струмица, бил физички нападнат од И.С.. По целосно документирање на случајот, Полициска станица Струмица ќе поднесе соодветна пријава.

На 23.02.2021 во 20.20 часот во Полициска станица Струмица Т.И. (42) од с.Банско пријавил дека околу 18.40 часот, пред угостителски објект во с. Банско, бил физички нападнат од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 23.02.2021 во периодот од 08.00 до 16.00 часот на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Гевгелија била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 10 прекршоци и на возачите им биле изречени соодветни санкции.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23.02/24.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 20 лицa не ја почитувалe, од кои 10 во Струмица, 5 во Валандово, 3 во Радовиш и  2 во Гевгелија и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link