fbpx

Полициски билтен: пронајдена марихуана,физички напади, малолетник каснат од куче скитник

 Полициски билтен: пронајдена марихуана,физички напади, малолетник каснат од куче скитник

На 01.07.2022 во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.С.(29) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.06.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Струмица, М.М.(62) од Струмица пријавил дека околу 12.30 часот во дворно место на улица „Славчо Стојменски“ во Струмица бил физички нападнат од Ф.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2022 во 23.30 часот во Полициската станица Струмица, Т.Д.(38) од село Банско, струмичко, пријавил дека околу 22.00 часот во село Банско неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.И.. Полициската станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.

На 30.06.2022 во 22.15 часот во Полициската станица Радовиш, А.М.(24) од Радовиш пријавила дека на улица „Самоилова“ во Радовиш нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Share via
Copy link