Полицијата затекнала малолетници во угистителски објекти, во еден им се точело и алкохол
Полициски билтен: се точело алкохол на малолетници, потешко повреден пешак
На 28.12.2023, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетници после 24.00 часот, како и две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“, за што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Од страна на Државниот пазарен инспекторат е издадено Решение за забрана за работа на истиот објект поради непочитување на работното време.
На 28.12.2023 во 00.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.Г. од село Зубово, струмичко, удрило во пешакот А.С.(43) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.