fbpx

Полициски билтен: внук нападнал чичко, пронајдена граната во Стар Дојран

 Полициски билтен: внук нападнал чичко, пронајдена граната во Стар Дојран

На 02.12.2021 година во 16.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Т.(29) од Струмица затоа што околу 15:45 часот во дворот од семејната куќа со метален предмет го нападнал и повредил неговиот чичко А.Т.(57).

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2021 година во 09:50 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Б.Л.(67) од Стар Дојран пријавил дека во близина на неговата куќа пронашол граната. На 02.12.2021 година гранатата била подигната од инспектор од Дирекција за заштита и спасување Струмица, при што било утврдено дека се работи за неексплодирана граната која потекнува од Прва светска војна со калибар 105 мм.

Share via
Copy link