Tags : граната

Артилериска граната тешка 13,6 килограми отстранета од плажа на Дојранското

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри, тешка 13,6 килограми, на брегот на Дојранското Езеро, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ). Се додава дека гранатата потекнува од Првата светска војна. Наменета е за ,,хаубица” М14 а вакви неексплодирани убојни […]

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција

Пиротехничарите на ДЗС предупредуваат дека пронајдената неексплодирана граната, кај границата со Грција, може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија. Конкретно, ДЗС информира дека денеска е пронајдена артилериска граната од 75mm од Првата светска војна во местото наречено „Ќупот“, југозападно […]

Во Сретеново кај Дојран пронајдена граната од Првата светска војна

Вчера во 18:00 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Б.А.(53) од село Сретеново, Општина Дојран, пријави дека во близина на неговото дворно место пронашол граната. Денеска гранатата е подигната од пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, при што е утврдено дека се работи за артилериска граната калибар 100 мм, која потекнува од Првата светка […]

Во двор во Нов Дојран пронајдена граната од Првата светска

На 07.05.2024 во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека во дворно место на ул. „Антон Панов“ во Нов Дојран била пронајдена експлозивна направа. На 08.05.2024 бил извршен увид на местото, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека се работи за граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна и […]

Полициски билтен:Во Гевгелија пронајдена граната, се запалил „мерцедес“

На 27.04.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија била пронајдена експлозивна направа. На 28.04.2024 бил извршен увид на местото и било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна. Граната била безбедно подигната од местото. На 28.04.2024 во 19.00 […]

Во двор во Богданци пронајдена артилериска граната од Втората светска

Вчера во 12:00 часот во Полициската канцеларија Богданци било пријавено дека во двор на ул.„Кукушка“ во Богданци била пронајдена стара неиспукана граната, соопшти МВР. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Гевгелија ја подигнал гранатата и било констатирано дека се работи за артилериска граната со потекло од Втората светска војна. Фото: архива

Полициски билтен: внук нападнал чичко, пронајдена граната во Стар Дојран

На 02.12.2021 година во 16.30 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Т.(29) од Струмица затоа што околу 15:45 часот во дворот од семејната куќа со метален предмет го нападнал и повредил неговиот чичко А.Т.(57). Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот […]

Пронајдена граната од Првата светска војна кај Гевгелија

На 07.11.2021 во 13:40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на караула „Гевгелија“ била пронајдена неексплодирана граната со калибар 155мм од Првата светска војна, соопшти МВР. Увид бил извршен, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Струмица.

Полициски билтен: пронајдена неексплодирана граната, напади врз полицајци, физичка пресметка

На 23.10.2021 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во село Мрзенци, гевгелиско, Л.Л. од с.Мрзенци пронашол граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека станува збор за неексплодирана граната со калибар од 105 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната, а увид извршила екипа од ОВР […]