fbpx

Во двор во Богданци пронајдена артилериска граната од Втората светска војна

 Во двор во Богданци пронајдена артилериска граната од Втората светска војна

Вчера во 12:00 часот во Полициската канцеларија Богданци било пријавено дека во двор на ул.„Кукушка“ во Богданци била пронајдена стара неиспукана граната, соопшти МВР.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Гевгелија ја подигнал гранатата и било констатирано дека се работи за артилериска граната со потекло од Втората светска војна.

Фото: архива

Share via
Copy link