fbpx

Полициски билтен:Во Гевгелија пронајдена граната, се запалил „мерцедес“

 Полициски билтен:Во Гевгелија пронајдена граната, се запалил „мерцедес“

На 27.04.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија била пронајдена експлозивна направа. На 28.04.2024 бил извршен увид на местото и било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна. Граната била безбедно подигната од местото.

На 28.04.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на стар локален пат од Гевгелија кон село Богородица, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки во движење, управувано од К.Л.(52) од Гевгелија. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Share via
Copy link