fbpx

Полициски билтен:радовишанец агресивно се однесувал кон полицајци, повреден тракторист, пронајдена малолетничка

 Полициски билтен:радовишанец агресивно се однесувал кон полицајци, повреден тракторист, пронајдена малолетничка

На 28.04.2024 во 01.10 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Т.К.(48) од Радовиш. Тој на ул. „1-ви мај“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 27.04.2024 во 18.20 часот на локален пат од село Конче кон село Лубница, општина Конче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.И.(32) од село Лубница, општина Конче и трактор „имт 533“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Г.(47) од село Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Клинички центар Штип, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

На 27.04.2024 во 23.00 часот во село Калково, валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово била пронајдена малолетничка од село Росоман, кавадаречко, која на 26.04.2024 во Полициската станица Кавадарци била пријавена дека се оддалечила од домот. Истата била предадена на нејзините родители.

Share via
Copy link