fbpx

Полициски билтен: пронајдена неексплодирана граната, напади врз полицајци, физичка пресметка

 Полициски билтен: пронајдена неексплодирана граната, напади врз полицајци, физичка пресметка

На 23.10.2021 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во село Мрзенци, гевгелиско, Л.Л. од с.Мрзенци пронашол граната. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било констатирано дека станува збор за неексплодирана граната со калибар од 105 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.

На 24.10.2021 во 03.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода И.Л.(32) од село Удово, валандовско, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил проведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 24.10.2021 околу 01.20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(24) од село Габревци, општина Конче и В.А.(18) од Радовиш. На двајцата ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци. 

На 23.10.2021 во 22.40 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Н.М.(32) од село Ораовица, радовишко, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и  по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Share via
Copy link