Артилериска граната тешка 13,6 килограми отстранета од плажа на Дојранското Езеро

 Артилериска граната тешка 13,6 килограми отстранета од плажа на Дојранското Езеро

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри, тешка 13,6 килограми, на брегот на Дојранското Езеро, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ).

Се додава дека гранатата потекнува од Првата светска војна. Наменета е за ,,хаубица” М14 а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион.

Фото: ДСЗ

Share via
Copy link