Пожарникарите заловија змија од куќа во Моноспитово, отстранија падното дрво од невремето во Струмица

Денеска во 17:30 часот, на улица .„11 Октомври“, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и двајца пожарникари-спасители интервенираше на отстранување на паднато дрво.
Во 13:00 часот, пак, во село Моноспитово, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и двајац пожарникари-спасители, по дојава на семејство дека во кујната има влезено змија, успешно беше заловена и отстранета од куќата.
Фото: ТПЕЕ Струмица