Полициски билтен:физички напад во Пиперево, пожар во стан во Гевгелија
Полициски билтен:физички напад во Пиперево, пожар во стан во Гевгелија
На 05.04.2025 во село Баница, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода И.Ѓ.(38) и А.Ѓ.(18) и двајцата од село Баница, струмичко, кои околу 12.00 часот во село Пиперево, струмичко, заедно со уште две малолетни лица, физички ги нападнале Т.Б., И.С. и В.С., нанесувајќи им повреди.
Во Полициската станица Струмица биле повикани и двете малолетни лица, со кои биле извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.04.2025 о 21.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда лоцирана на ул. „Маршал Тито“ во Гевгелија. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.