fbpx

Полициски билтен:Физички напад во село Сушица, пет прекршоци за непрописно престигнување

Вчера во Полициската станица Струмица, З.П.(50) од село Сушица, струмичко, пријавил дека околу 18:20 часот во село Сушица бил физички нападнат од З.Ј..

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 08:00 до 13:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои вршат непрописно престигнување и обиколување. Во акцијата се констатирани пет прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Share via
Copy link