fbpx

Сообраќајка кај Радовиш на пет автомобили, нема загинати

Денес во 16:30 часот, во ОВР Радовиш пријавена е сообраќајна незгода на место викано “директорска кривина” на магистралниот пат А4 патот Радовиш – Штип, во кој учествувале 5 моторни возила.

Според портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска нема загинати, а неколкумина се здобиле со лесни повреди.

Увид на местото, по овластување на јавен обвинител, е извршен од увидна екипа од ОВР Радовиш.

Сообраќајот до 19:00 часот бил пренасочен по спореден пат.

Share via
Copy link