fbpx

Полициски билтен:физички напади во Радовиш и Струмица,вработени нападнале жена во основно училиште

 Полициски билтен:физички напади во Радовиш и Струмица,вработени нападнале жена во основно училиште

На 13.09.2024 во 21.50 часот во Полициската станица Радовиш 49-годишна жена од Радовиш пријавила дека околу 19.20 часот во Радовиш малолетната ќерка на пријавителката била физички нападната од М.К. од село Дедино, општина Конче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.09.2024 во 13.10 часот во Полициската станица Струмица В.К.(27) од село Куклиш, струмичко, пријавил дека околу 11.50 часот во Струмица бил физички нападнат од едно лице. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.09.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Струмица М.В.А.(30) од Струмица пријавила дека 12.09.2024 околу 13.00 часот во основно училиште во Струмица била физички нападната од две вработени во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link