Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Наградата „Ристо Шишков“ за Долорес Лео Поповиќ
Наградата за високо актерско остварување на 32 издание на Фестивалот на камерен театар, што заврши вечерва во Струмица, ја доби Долорес Лео Поповиќ за улогата на Ања во претставата „Кенди“, според романот на Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, независна продукција „Златен Елец“ од Скопје.
Оваа одлука ја донесе фестивалското жири во состав Јордан Симонов-претседател и членовите Билјана Крајчевска и Алксандар Ивановски.
Одлуката ја образложи Јордан Симонов, кој истакна дека особеноста на актерското мајсторство е моќта на трансформација која актерот ја артикулира на сцената во зададена рамка на одредена тема, во прецизно артикулирани амплитуди на улогата која ја интерпретира, односно потенцијалот кој актерот го поседува во реализацијата на доверената актерска задача.
-Бавејќи се со неопходноста на преиспитување и толкување на современоста, преку еден ненападен, суптилен актерски јазик Долорес Лео Поповиќ естетски го обликува проблемот и општественото – политичките односи во кои живееме, создавајќи автентичен моќен лик што покрај актерска естетика и слобода во уметничкото креирање постанува клучно средство за постигнување и негување како на општествената така и на индивидуалната способност за емпатија, но и за постигнување на општествена акција, зашто уметноста – тетарот е оној којшто инспирира во изградбата на подобар и поправеден свет, стои во образложението на жирито.
Наградата, која се состои од златен медалјон со ликот Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета на годинашниот лауерат ќе му биде врачена дополнително.