fbpx

Полициски билтен:пријавен физички напад врз малолетничка во Струмица, пронајдена марихуана во радовишко

 Полициски билтен:пријавен физички напад врз малолетничка во Струмица, пронајдена марихуана во радовишко

На 26.06.2024 во 14.45 часот во ПС Струмица Д.Ј.(43) од село Градашорци,струмичко пријавила дека околу 13.00 часот во близина на трговски центар во Струмица малолетната ќерка на пријавителката била физички нападната од Ѓ.„Н“.По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.06.2024 во 22.20 часот во Радовиш полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода С.П.(37) од село Подареш, радовишко. При преглед кај  него била пронајдена марихуана. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против лицето ќе биде  поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link