fbpx

Полициски билтен:син нападнал татко во валандовско село, пожар во помошна просторија во Муртино

 Полициски билтен:син нападнал татко во валандовско село, пожар во помошна просторија во Муртино

На 15.07.2024 во 21.00 часот во Валандово, полициски службеници од Полициската станица Валандово лишиле од слобода 24-годишен жител на валандовско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.30 часот во нивниот дом во Валандово физички го нападнал неговиот татко. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.07.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во помошна просторија во дворно место на М.С.(66) од село Муртино, кој се  проширил и зафатил покривна конструкција од помошен објект сопственост на О.К. од село Муртино. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link