fbpx

Полициски билтен:три физички напади во Струмичко

 Полициски билтен:три физички напади во Струмичко

На 14.06.2022 во 09.40 часот во Полициската станица Струмица, 52-годишна жена од струмичко село пријавила дека околу 09.00 часот во нејзиниот двор била физички нападната од Ј.М. од истото село. Полициската станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.  

На 14.06.2022 во 19.20 часот во Полициската станица Струмица, Џ.В.(27) од Струмица пријавил дека на 13.06.2022 година околу 23.45 часот пред казино во Струмица бил физички нападнат од Ѓ.А. од Струмица. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.06.2022 во 14.10 часот во Полициската станица Струмица, М.М.(33) од Струмица пријавил дека на 10.06.2022 година околу 15.00 часот во село Василево, струмичко, бил физички нападнат од Ф.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link