fbpx

Полициски билтен:Уапсен жител на Баница,повреден мотоциклист, пронајдена експлозивна направа

Денеска (14.06.2023) во 00.30 часот во село Баница, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М.(37) од село Баница. Тој се сомничи дека околу полноќ физички нападнал едно лице од Струмица и му одзел личен предмет. Т.М. при лишувањето се однесувал агресивно кон полициските службеници. Одземеното било пронајдено. Т.М. бил задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.06.2023 во 13.25 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(68) од Струмица и мотоцикл „томос“ со струмички регистерски ознаки, управуван од П.П.(64) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 13.06.2023 во 17.45 часот во Полициската станица Радовиш, С.И.(41) од Радовиш пријавил дека на улица „Даме Груев“ во Радовиш пронашол експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување и екипа на ОВР Радовиш извршиле увид и било утврдено дека се работи за неексплодирана рачна бомба која потекнува од Првата светска војна. Бомбата била подигната за понатамошна постапка.

Share via
Copy link