fbpx

Полициски билтен:Жител на Колешино агресивно се однесувал кон полицајци, изчезнат жител на Дорломбос

На 08.02.2023 во 20:55 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го привеле Б.В.(61) од село Колешино, општина Ново Село, затоа што на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопштија денеска од СВР Струмица.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.03.2023 во 16:00 часот во Полициската станица Струмица, С.Р.(38) од село Дорломбос, струмичко, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат М.Р.(60), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Share via
Copy link