fbpx

Поради позитивни играчи одложено дербито меѓу Џио Струмица и Универзитет Тетово

 Поради позитивни играчи одложено дербито меѓу Џио Струмица и Универзитет Тетово

Поради позитивни играчи на Ковид-19, одложено е дербито кое вечерва требаше да се одигра меѓу Џио Струмица и Универзитет во Тетово во првата одбојкарска лига за мажи.

Мечот кој требаше да го одреди најдобриот тим по есенскиот дел од најквалитетната машка одбојкарска лига кај нас, ќе почека нов термин. Според правилата за натпреварување сезонава, ако некој клуб има повеќе од тројца позитивни одбојкари, може да побара одложување, а тетовци го сторија тоа, па ОФМ ќе го закаже мечот во некој друг термин.

Двете екипи досега остварија максимални седум победи, со забелешка дека струмичани загубија еден сет, па Универзитет е на врвот на табелата.

Share via
Copy link