fbpx

Последна седница на Советот на Општина Струмица во сегашниот состав

 Последна седница на Советот на Општина Струмица во сегашниот состав

Советот на општина Струмица, денеска, ја одржа 52-та и последна седница во овој состав.

На седницата, советниците ги усвоија Извештајот за реализација на Програмата за одржување на улиците во градот Струмица и населените места, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2020/2021 година во зимски услови и Предлог – Програмата за одржување на улиците во град Струмица и населените места, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2021/2022 година во зимски услови.

На последната седница присуствуваше и досегашниот градоначалник, Коста Каневски, кој рече:

-Мислам дека направивме добри проекти, капитални проекти кои ќе остават белег во понатамошниот развој на нашата Општина, без разлика на сите предизвици што овој мандат ги носеше, неочекувани состојби коишто го тресеа и целиот свет, секако и нашата општина и нашата држава, повеќе политички турбуленции, разни изборни периоди коишто помалку или повеќе делуваа на динамиката на реализацијата. Меѓутоа, и покрај тие предизвици мислам дека овој Совет, исклучително храбро и решително се носеше со тие предизвици и денеска со гордост можеме да кажеме дека Општината ја оставаме на наредните генерации во една прилично добра состојба со почнати и завршени значајни капитални проекти и се надевам дека нашите наследници ќе продолжат со уште поголема динамика, со добра база којашто ќе овозможува подобар и поенергичен старт во следниот мандат.Мене ми причинува особено задоволство што овој состав на Советот покажа висок степен на одговорност, конструктивност, како од позицијата така и од опозицијата, и мислам дека ќе остави еден белег и за понатамошните наши наследници за коректно однесување со високо почитување на морални и етички кодекси на однесување. Имаше конструктивни предлози коишто беа прифатливи и помогнаа да донесуваме поефикасни одлуки се со цел развивање и унапредување на нашата Општина. За мене ова е голема придобивка од еден висок степен на одговорност кон нашите граѓани и во тој контекст би сакал да ја искажам мојата благодарност, бидејќи од тоа зависеше нашата ефикасност и делување во нашата Општина. Се надевам дека граѓаните тоа го препознаа и дека ќе оставиме една порака на коректно однесување и ќе дадеме пример не само за нашата Општина и нашите наследници, туку и за многу други општини во нашата држава за коректно, конструктивно, посветено и одговорно однесување во ова високо тело на Општината, рече Јаневски.

Share via
Copy link