fbpx

Потешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Струмица

 Потешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Струмица

Вчера во 19:45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство- Единство“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.М.(20) од село Сачево, струмичко, и мотоцикал управуван од М.Д.(18) од село Седларци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link