Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Потешко повредено момче откако излетало со автомобилот на патот Богданци-Гевгелија

Од СВР Струмица соопштија дека вчера во 22:00 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Богданци – Гевгелија, на место „Трнката“, патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(22) од село Моин, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.