fbpx

Пожарникарите гаснеа голем пожар меѓу Водоча и Вељуса

 Пожарникарите гаснеа голем пожар меѓу Водоча и Вељуса

Денеска во10:10 часот помеѓу селата Водоча и Вељуса избувна голем пожар кој за многу кратко време подржан од неповолните климатски фактори (високи температури и силен топол ветер) зафати површина од околу 80 хектари и се ширеше во сите правци.

-Веднаш беше мобилизирана целата противпожарна единица со 9 девет против пожарни возила и 32 пожарникари и испратени на местото на пожарот. Гасењето на пожарот беше поделено на сектори со цел за побрзо и поефикасно негово ликвидирање. За жал некои викендици беа зафатени од пламените јазици, но многу други вклучувајќи и производствени погони беа спасени со крајни напори. Пожарот е целосно ликвидиран околу 18.30 часот, информираа пожарникарите.

Фото: ТППЕ Струмица

Share via
Copy link