„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Пожарот кај Богданци се движи кон куќите во село Ѓавато
Во 13:30 часот започнат е пожар во поле, а подоцна истиот е проширен во шума на место Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Во гаснењето на пожарот интервенираат 9 пожарникари со 4 против пожарни возила, уште 3 пожарникари во моментот се испратени од ТППЕ Гевгелија и 4 лица од ШС од Гевгелија, информираат од Центарот за управување со кризи.
Со пожарот е зафатено прнар и нискостеблеста шума.На помош се и вработени од Општина Богданци и мештаните.
Пожарот, заради метеоролошките услови со ветер и теренските услови – непристапност и густа вегетација, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, како и селото Ѓавато.
Побарано е да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места.Заради временски услови и краток временски интервеал на дејствување хеликоптерот нема да полета денес според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата. Се планира утре во 05:00 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана.
Според последните информации пожарот се движи кон куќите во село Ѓавато.