fbpx

ЦУК:Огнот кај Ѓавато е пресечен на 150 метри од селото

 ЦУК:Огнот кај Ѓавато е пресечен на 150 метри од селото

Со голем ангажман на пожарникарите и лицата коишто го бранеа селото Ѓавато од огнената стихија, огнот е контролирано пресечен на 150 метри од селото и свртен во правец на црквата и гробиштата и не е навлезен во селото, според досегашните информации.

Дежурните пожарникарски мешани екипи се распоредени со возила на 50 метри во линија пред селото и ќе се обидат да ја одбранат таа линија до утре наутро.

Огнот засега има зафатено само една стара куќа на периферијата од селото, а пожарникарите ја гаснат во моментов.

Share via
Copy link