Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Прекината свадба во Банско со околу 300 гости, следуваат кривични пријави
Вчера, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во село Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од село Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.
Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
За настанот бил известен Јавен обвинител.