fbpx

Премиерот Заев и министерот Филипче даруваа крв во Струмица

 Премиерот Заев и министерот Филипче даруваа крв во Струмица

По повод 1 Мај-Денот на трудот, утрово со премиерот Зоран Заев дарувавме крв во Службата за трансфузиона медицина во Струмица, објави на фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

-Постапката е многу едноставна, а вработените во Трансфузија се љубезни и пријатни при целиот процес на дарување крв. По дадената согласност, следува здравствена проверка, а потоа во пријатна атмосфера со почитување на сите мерки за заштита од вирусот Ковид 19, ја завршивме оваа многу лесна постапка, напиша Филипче.

Додаде дека дарувањето крв може да спаси живот, само со едно ќесе крв може да се подобри здравјето на 3 до 4 пациенти.

-Бидете хумани, дарувајте крв! Крводарителството е хумана човечка вредност, порача Филипче.

Share via
Copy link