fbpx

Премиерот Заев со честитка за Рамазан Бајрам: Да продолжиме по европскиот пат што го избравме, здружено и единствени

 Премиерот Заев со честитка за Рамазан Бајрам: Да продолжиме по европскиот пат што го избравме, здружено и единствени

Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи им честиташе Рамазан Бајрам на сите граѓани од муслиманската вероисповед, посакувајќи им многу здравје и среќа.

Тој упати и апел да се почитуваат и здравствените протоколи и посака празничните денови да се поминат во слога и спокојство со најблиските. 

Во прилог прочитајте ја целата честитка:

„Го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам на членовите на Исламската верска заедница и на сите граѓани кои го чествуваат празникот, во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име.

Крајот на постот и благодетите стекнати за време на месецот на одрекувањето и воздржувањето, нека ве украсат со дух на трпение, несебичност и дарежливост.

Овие светли денови во духот на празникот Рамазан Бајрам, како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме здравствените препораки и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме по европскиот пат што го избравме, здружено и единствени.

Дозволете ми да ви посакам празничните денови да ги поминете во слога и во спокојството на домот, во добро здравје и духовна сила!

Бајрам Шериф Мубарек Олсун – „Нека биде благословен и честит празникот!“, се вели во честитката на премиерот. 

Share via
Copy link