fbpx

Пристигнаа 38.400 вакцини Астра Зенека преку Ковакс механизмот

 Пристигнаа 38.400 вакцини Астра Зенека преку Ковакс механизмот

Вечерва пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои ги обезбедивме преку Ковакс механизмот, информираше министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил.

„Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години“, напиша тој нагласувајќи дека количините постојано се надополнуваат, а граѓаните можат да се пријават  на vakcinacija.mk

Share via
Copy link