Македонските олимпијци под „научен скенер“ за Лос Анџелес 2028
Приведен бегалец од струмичкиот затвор баран со потерница
Денеска во 09.55 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Џ.Р.(27) од Штип, соопштија од СВР Струмица.
За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, а бил баран за доиздржување на затворска казна од две години за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
Лицето ќе биде спроведено во Затвор Струмица за доиздржување на казната.