fbpx

Приведен дилер на дрога во Струмица, запленети кокаин и марихуана

Денеска Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.В. (60) од село Добрејци, струмичко, заради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл. 215 од Кривичниот законик.

Имено вчера околу 08:00 часот на паркинг во Струмица кај Р.В. во патничко возило „фиат пунто“, со струмички регистарски ознаки, при извршен преглед во пластична кутија пронајдени се 17 пакувања со кокаин, како и поголем износ на парични средства.

Истиот ден, по добиена наредба на Судија на претходна постапка при Основен суд во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија претрес во неговиот дом во с.Добрејци, при што се пронајдени 12 стебла cannabis sativa, околу 4 кг марихуана и шишиња со течна материја, пиштол „застава М88“, рамка со 6 куршуми калибар 9мм.
Р.В. е лишен од слобода и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Share via
Copy link