Приведен гевгеличанец, криумчарел мигранти кај Давидово
Вчера полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица околу во 19:30 часот во село Давидово го лишиле од слобода М.Г. (21) од Гевгелија затоа што со патничко моторно возило “фолксваген туарег” превезувал 13 мигранти од Сирија, од кои 2 малолетни лица.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Фото: архива