fbpx

Приведен крадец во Струмица-со закана одзел повеќе производи

 Приведен крадец во Струмица-со закана одзел повеќе производи

На 21.04.2024 во 01:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.М.(36) од Пехчево. Тој се сомничи дека на 20.04.2024 во 22:45 часот во продажен објект во Струмица со закана кон вработената одзел повеќе производи, соопштија денеска од МВР.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Share via
Copy link