fbpx

Пронајдени исчезнатите малолетници брат и сестра од Сушица

 Пронајдени исчезнатите малолетници брат и сестра од Сушица

Вчера при преземање на мерки за пронаоѓање на двете малолетни деца од село Сушица кои на 18.04.2024 беа пријавени дека се оддалечиле од домот, полициски службеници од Полициската станица Струмица утврдиле дека се вратиле дома, соопштија денеска од СВР Струмица

Инаку, на 18 април во 13:10 часот во Полициската станица Струмица, Д.Ѓ.(36) од село Сушица, струмичко, пријавил дека од домот се оддалечиле неговата малолетна ќерка М.Ѓ.(14) и неговиот малолетен син К.Ѓ.(11).

Според пријавеното, тој се сомневал дека тие заминале кај Д.Р. во Струмица, кај кого М.Ѓ. и претходно одела.

Share via
Copy link