fbpx

Приведен криумчар на мигранти од Гевгелија

Вчера во 19:50 часот на автопатот Граничен премин Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.С.(23) од Гевгелија, соопштија денеска од МВР.

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Непал.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Фото: архива

Share via
Copy link