fbpx

Приведен криумчар од радовишко, превезувал 88 мигранти

 Приведен криумчар од радовишко, превезувал 88 мигранти

Денеска (27.07.2022) во 00.15 часот на место викано „Нова Петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.С.(35) од сeло Ињево, радовишко.

На местото, полициските службеници запреле товарно возило „сканиа“, со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка и при преглед во полуприколката биле пронајдени 88 лица мигранти (56 од Сирија, 21 од Пакистан, 10 од Индија и 1 од Јемен), од кои 12 се малолетници.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а А.С. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link